Milčo Mančevski
Duhot na majka mi
Sarajevske Sveske br. 23/24
ДУХОТ НА МАЈКА МИ
..................................1.
Around 6:30 the winter ended.
..................................2.
Have you heard the argument?
Is there no offense in’t?
..................................3.
............................МАЈКА
Кога си анемичен ни комарците не те касаат
и мајка ти не е тука
по небото полека се лизга и остава бела трага
во голема столица превртена наопаку додека наоколу се чисти
и добиваш голема џамлија...
... а телефонската жица ти е папочна врпца.
..................................4.
...and they all talked about Joujou’s orgasm.
..................................5.
Мириса на лето
млака мека промаја
во која лебдее мал мирис
Мириса на лето
..................................6.
Superman & Robin Hood are still alive in Hollywood.
....................................................................A folk song on Radio Ljubljana
....................................................................19-20. 6. 83
..................................7.
На 21. октомври 83, околу 4 саат сонував некој морбиден сон. Се разбудив од тоа колку беше страшен. Беа некои луѓе од загробниот живот. Ми беше страв да продолжам да спијам, а и да станам. Земав да читам книга. Прочитав една глава од "Белград за почетници" на Богдан Тирнаниќ. Знаев дека е ведра книга и дека ќе ме разведри. После заспав.
....................................................................21. 10. 83
.....
..................................8.
The object of war is not simply to kill, but to convince the survivors to submit.
..................................9.
Пољубио ју је и рекао:
- "Политика",
као новине.
..................................&
"The question is," said Alice, "whether you can make words mean so many different things."
"The question is," said Humpty Dumpty, "which is to be master - that’s all."
..................................10.
.............................UP TO 103
CONTENTS
Introduction VII
Acconci 2-7
Atkinson 8-21
Atkinson, Bainbridge, Baldwin, Hurrel 22-25
Bainbridge 26-31
Baldessari 32-33
Barry 34-41
Barthelme 42-43
Battcock 44-45
Becher, B. and H. 46-49
Bochner 50-59
Buren 60-77
Burgin 78-87
Burgy 88-91
Burn 92-95
..................................11.
......................ВКУСОВИ НА СОБИ
Некои чудни вкусови
на соби
ме обземаат
и ме влечат назад
во детството
на огромни предмети.
..................................&
.........................ЗАБ, МОЛЕЦ,
Кој страв
е
толку
голем
да исполни
цел
стан?
..................................&
Зошто секоја соба
мора да има
шифоњери-близнаци?
..................................12.
Pokušaj nije uspio, ali je obdukcija dala zanimljive rezultate.
..................................&
Голем број материи кај човекот предизвикуваат горчлив вкус.
.............................Од еден реферат презентиран на
.............................22. Конгрес на Антрополошкото друштво на Југославија
..................................13.
........................ЛЕТНА УЛИЦА
Прозорци отворени нанадвор како крила од пеперутки.
И луѓе меѓу нив пливаат во врелиот воздух.
..................................14.
Во таа религија постојат две секти. Според едната нема Господ, додека според другата нема Господ.
..................................15.
КОНЦЕПТУАЛИСТИЧКИ МАНИФЕСТ
Ова е манифест на концептуалистите.
.......................................Милчо Манчевски, Емил Ансаров,
.......................................Атанас Богдановски, Ванчо Ѓошевски,
.......................................Хаџи-Ангелковски Ѓорѓи, Љубомир Стојсављевиќ,
.......................................Милоје Радаковиќ, Саркањац, Дабиќ,
.......................................Принчевац Жанет, Вања Ве, Периќ Љиљана,
.......................................Петре Богдановски, А. Грчев, Пашоски Роби,
.......................................Дарка Стефановска, Лидија П.,
.......................................Иван М., Тања, Зорица Трпковска, М, Полазар,
.......................................Ј. Никуљска
..................................16.
Upravo iz ovih viših razloga jedna izvanredna, prodorna, Visoko originalna psihoanalitička studija Huga Klajna “Ratne neuroze Jugoslovena”, u kojoj je autor analizirao ponašanje naših boraca od 1943 i posle rata doživela je gorku sudbinu većine kritičkih dela:
..................................17.
S krikom bježe ptice preko crnoga neba, ljudi šute, krv me boli od čekanja.
..................................18.
......ВИДОВ КАЛУЃЕРКА КАКО ПРОСИ
Видов калуѓерка како проси,
Боже, видов калуѓерка како проси.
..................................19.
Со песма
место сперма.
..................................20.
Nitko više nije mlad!
..................................21.
.............................ЧУВСТВО
Понекогаш додека чукам на машина ноќе во празен стан, свртен со грбот кон вратата, имам чувство дека има некој зад мене. Баш како сега.
..................................22.
Ja sam drugačiji od ostalih.
Ja ne podnosim bol.
Mene bol boli.
..................................23.
Bureaucracy is a new ruling stratum, 12-15 % of the population. Its main concern is to preserve the Status Quo at home and abroad. It favors change only if necessary to preserve its powers.
..................................24.
............................NO POEMS
No poems
for this world
on this day
of empty P.O. Boxes
and C.O.D. air.
....................................................................5. 4. 81
- I like the image of the world as forgotten by all, as waiting for a message that someone/something cares about it.
- It leaves a lot to your imagination.
- I like its simplicity, more images perhaps.
- Good rhythm. More poetic tension.
- Very different, but creative/imaginative.
- Probably the weirdess poem in the world, but I can relate to it.
- It makes me want to tear you into a hundred pieces and mail you C.O.D
..................................25.
..............ПОРТРЕТОТ НА МАРКУС
.....Мразам сентиментални романчиња, ама мајка му на Маркус стварно умре.
.....У нашата куќа се влегуваше од надвор, по дрвени скали кои водеа до мини-тераса и низ жичена врата у претсобје, па у две соби од кои едната беше премала, а другата на пат кон клозетот.
.....Маркус живееше у соседната куќа. Ни даваше да земеме филџани од неговата гаража. Татко му беше славен оти ги направил скулптурите пред библиотеката, на ридчето, кај кои фотографирав и без да знам дека се од татко му на Маркус. Маркус ми помагаше да ја напишам шпицата на мојот филм - ја пишував како графити на задната фасада од куќата со љиљаков крејон, а после ја снимав, за најпосле да не ја употребам, сакав нешто помазно.
.....Маркус сликаше, а ние се бавевме со сeшто. Тука имаше и еден манијак кој ги следеше женските и им свиркаше, а и дома им влегол. Чак и ја еднаш го видов. Куќата беше крцата. Имаше ствари од сите нас. У претсобјето спиеја двајца, у малото собче уште двајца со куче, а ние двајца у собата што беше на патот кон клозетот. Се разбудив и го видов со бледо лице на вратата. Мислев дека спијам, па се кутнав в кревет, ама одма се дигнав. Беше отиден, ама знаев дека бил тука.
.....Маркус сликаше портрет на мајка му. Мене не ми се свиѓаше портретот. Маркус ни даваше да се јавуваме од кај него по телефон. Кога го барав изгубениот пасош се утепав од јавување по телефонот на Маркус. Еднаш и мојот несуден професор беше на гости кај Маркус. Еднаш после и ме праша што станало со Маркус, оти он бил пријател со родителите, па сега момчето останало само. Тоа што Френк Пеин ме праша, ме изненади.
.....Маркус имаше црна кадрава коса и плави очи. Беше, у ствари, добар другар, само кој го забележуваше тогаш тоа. Учев теорија на филм.
.....Под нас седеа некои чудаци. Едниот се утепуваше од работа, имаше нос како орел и мов место брада. Мислевме дека нема време за јадење и спиење. Беше перфекционист и многу нежен. Мислевме дека е љумфер. Другиот ми беше уште почуден. Беше нормален, ама сeнешто насмеан и сe со некои мучки. Едно време се скараа, па башка си готвеа. Ни едниот ни другиот не јадеа типични парчиња месо со гарнир и млеко.
.....Маркус мислам дека се знаеше со нив, ама никако да се сетам која им беше релацијата. И од тука се јавувавме по телефон.
.....Маркус не го доврши платното со портретот на мајка му. Знаеја дека ќе умре, а ја не го сфаќав озбилно тоа.
.....После, Тори го закачи недовршениот портрет на прозорецот, фино се фаќаше, ама мене сeуште не ми се свиѓаше.
.....................................................................11. 4. 1984
..................................26.
Just how serious this activity can be is seen from the Black Happening
of the poet Josef Honys (1919-1969), who arranged a fake funeral for
himself as a "Mystification Event," invited his friends, and then in fact
committed suicide unknown to the friends (23).
....................................................................(23) ________________
..................................27.
Dialectical materialism, in the heat of the day, draws a pickax from its raincoat.
..................................28.
.........................SPIRALNI NASIP
Rad „Spiralni nasip”,
koji je danas pod vodom,
stekao je mitski status.
Sam nasip predstavlja
umetnički rad,
dok su
film
i
esej
koji idu uz njega
dokumentarno-kritički radovi.
Njihovim postojanjem stvara se
kontekst
za
„Nasip”,
i
na jedan opširniji način izlažu mogućnosti
...........................funkcionisanja ovog rada kao umetničkog.
.....................................................................-18. 6. 84
..................................29.
Eternity’s a Five Year Plan:
..................................30.
............................... ЉУБОВ
Станувам попладне и палам цигара од кои еднаш одамна, уште во Скопје се бев откажал.
Некоја полноќ е. Дувам и се откачувам за пола саат.
Гледам MTV.
Се што сакам е да гледам MTV.
Пушам и дувам
Најактивен сум по полноќ.
Животен сон ми е да гледам MTV.
Најдобро гледам MTV кога ќе се надувам и кога е ноќ.
Понекогаш пијам. Пиво или џин. Место дување. MTV останува. Константа.
Многу го сакам MTV.
Понекогаш некаде во позадина ќе ми блесне желба да ја опишам мојата љубов кон MTV. За среќа таму и останува.
Уф!
....................................................................17. 6. 1984, Скопје
..................................31.
.........................НОЌНА АКЦИЈА
Околу батеријата имаше бодликава жица, а зад неа стражар. Водачот даде знак и еден партизан истрча од колоната. Со нож прецизно го погоди Германецот, кој падна без глас. Со брзи чекори дотрчаа до жиците, ги пресекоа и влегоа. Одеднаш, се огласи митролез. После општото изненадување и после погибијата на неколку другари, сите исполегнаа. Митролезот косеше.